X
 07.02.2018 Култура

Знаете ли што е бушидо-кодекс?


Дечиња азијати на снег
(Фото: Pixabay)


Јапонскиот систем на образование е познат по тоа што нема оценување во првите неколку години затоа што предност му се дава на карактерот на детето, а еден од најважните училишни предмети се вика Морални вредности. Затоа и воопшто не е случајно што токму јапонскиот образовен систем е прогласен за еден од најдобрите на светот.

Исто така, јапонската култура е позната по многубројните специфични концепти, меѓу кои е и „каизен“ филозофијата на континуирано подобрување, но и „бушидо“ – кодексот на однесување на самураите кој е стар неколку века.

Самиот збор „бушидо“ во превод значи воин (буши) и пат (до), што означува пат по кој треба да оди, односно да го следи воинот.

Иако бушидо-принципите се применуваат и денес, пред сè во борачките вештини, се работи за морални начела и животна филозофија кои можат да се применат во сите аспекти од животот. Овие принципи не наоѓаат примена само во спортот, туку и во секојдневниот приватен и деловен живот. Имено, бушидо-кодексот опфаќа седум доблести кои требало да ги поседуваат воините: праведност, храброст, милосрдие кон човечкиот род (сочувство), искреност, честитост, чест, верност (лојалност). Тоа подразбира и љубов, верност, умереност, трпение, скромност, издржливост и љубезност. Витезите што ги поседувале сите овие доблести биле сметани за витези од највисок ред, односно ранг.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура