X
 27.10.2018 Живот

Што треба да знаете за најдолгиот мост во светот?

По седумгодишна изградба, во Кина е отворен најдолгиот и најголемиот висечки мост.

Освен што е најдолгиот мост во светот, постојат уште неколку работи поради кои мостот е единствен и се разликува од останатите. Така, експертите велат дека станува збор за една од најнеобичните сообраќајници во светот што се протега на 55 километри. На патиштата нема да можат да се возат сите луѓе, а оние кои ќе ја добијат честа, ќе бидат следени со надзорни камери, кои ќе ги следат дури и прозевањата на патниците. Возачите ќе мораат да носат и уреди што ќе ја следи работата на нивното срце.

Но, тоа не е сѐ. Во продолжение се уште неколку работи што треба да ги знаете за мостот.

1
Фото: Pixsell


Безбедносно следење на прозевањето и крвниот притисок


На сите возачи што ќе возат преку мостот ќе им се следи отчукувањето на срцето и крвниот притисок, а информациите ќе бидат испратени до контролниот центар на мостот. Камерите ќе следат и колку возачите се прозеваат. Ако се прозеваат повеќе од трипати во 20 секунди, во контролниот центар ќе се активира аларм.

Специјална дозвола


Иако мостот би требало да приближе Хонг Конг и Макао, се чини дека близината ќе ја почувствуваат само неколку избрани луѓе. Жителите на Хонг Конг ќе мора да имаат посебни дозволи за да можат да патуваат преку мостот, а долгорочното лиценцирање ќе го добијат само оние кои ќе исполнат низа строги критериуми.

Меѓу нив ќе биде и критериумот дали жителите плаќаат данок во Кина и дали донираат средства за хуманитарните организации во кинеската покраина Гуандонг. Лиценците ќе можат да ги добијат и истакнати и влијателни членови на политичките партии. Останатите „смртници“ ќе се возат со посебни автобуси чија карта е околу 10 долари. Преку мостот нема да минува јавен превоз.

Контроверзии што ја следеле изградбата на мостот


Ограничувањето на мостот предизвика голем број критики и коментари.

-Мостот е голема инвестиција и изграден е со парите од нашите даноци, но всушност не е отворен за сите нас - е само еден од коментарите.

Критичарите го нарекуваат непотребен политички мега проект. Во близина на тој мост се гради уште еден, поради кој сообраќајот на овој спектакуларен мост до 2030 година би можела значително да се намали.

-Мостот е всушност непотребен - вели Еди Чу.

1
Фото: Reuters


На која страна ќе се вози?


Во Хонг Конг и Макао се вози на левата страна, а во Кина на десната, што би можело да се покаже како проблем. Бидејќи мостот се смета за кинеска територија, возачите на патиштата ќе се држат до десната страна, па дури и оние од Хонг Конг, кои ќе мораат да возат во согласност со законите и прописите.

Политиката што го следи


Мостот, како и повеќето други проекти што доаѓаат со кинески потпис, е дел од кампањата за интеграција на Хонг Конг и Кина. Се стравува дека слободата по која е познат Хонг Конг исчензува. И Хонг Конг и Макао се делови од Кина, но се посебни административни региони, со посебна владејачка структура, легални системи и политики. Преовладува мислењето дека мостот е уште еден сигнал дека Пекинг има голема желба да го стави овој регион под своја контрола.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот