X
 27.10.2020 Наука

Зептосекунда - најкратката единица за време измерена некогаш

Научниците неодамна ја искористиле најмалата единица за време за да го измерат точното време што ѝ е потребно на една честичка да помине низ молекулот на водород. Тоа време изнесувало 247 зептосекунди.

Една зептосекунда е 0,000000000000000000001 од една секунда.

Истражувачите ги истражувале зептосекундите и порано, во 2016 година, кога со ласери било измерено времето во периоди од 850 зептосекунди.

Во новото истражување научниците го мереле патувањето на светлината низ молекулот на водород, а им биле потребни зептосекунди за да го измерат точното време. За експериментот бил користен забрзувач на честички во Хамбург. Мерењето во суштина претставувало мерење на брзината на светлината во внатрешноста на молекулот.

Автор: Стефани Папас
Извор: space.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука