X
 27.10.2021 Живот

Соба за плачење отворена во Мадрид

Во центарот на Мадрид, Шпанија, била отворена „Ла Лорерија“, односно соба за плачење.

Станува збор за иницијатива што е дел од проект за посочување на важноста на менталното здравје. Проектот има цел да ѝ стави крај на стигмата за посета на психолог, што претставува табу-тема во многу општества.

- Влези и плачи - стои на еден од знаците во оваа соба за плачење.

- И јас сум анксиозен - пишува на друг знак.


Во собата има и листа со телефонски броеви со имиња на луѓе на кои посетителите може да им се јават доколку се нерасположени. Меѓу нив има и број на психолог. Собата е отворена за сите.

Во 2019 година 3.671 лице извршиле самоубиство во Шпанија. Самоубиството е втора најчеста причина за смрт во земјата.

Извор: Avaz
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот