X
 21.09.2024 Живот

Што е бедротинг - вирален тренд кој може да има сериозни последици врз менталното здравје

Трендот бедротинг, што во превод значи „гниење в кревет“, стана популарен начин за опуштање и справување со стресот, а поентата е да се помине целиот ден в кревет и да се опуштите од секојдневните грижи.

Додека некои сметаат дека ова е само уште една форма на самопомош, експертите предупредуваат на можни негативни последици.

Уметност на опуштање или избегнување проблеми?

Овој тренд може да изгледа како совршена можност за одмор, особено во општество каде што продуктивноста често се става на прво место.

Но, Лоренс Чан од Универзитетот Колумбија нагласува дека бедротинг може да сигнализира потреба од пауза.

Клучот е баланс


Додека некои веруваат дека повременото уживање во овој тренд е добро, експертите советуваат да внимавате да не ви стане навика.

Ако поминувате неколку дена во неделата в кревет, тоа може да биде знак дека ви треба дополнителна помош. Важно е да забележите како тоа влијае врз вашите секојдневни обврски и општото здравје.

Генерацијата З се соочува со високи нивоа на анксиозност, при што многумина го користат овој тренд како начин да избегаат од притисоците на модерниот живот. Затоа, важно е да се разберат причините за овој тренд и како тој може да влијае врз менталното здравје.

Проблеми со спиењето


Иако се чини дека денот поминат в кревет ќе ве освежи, тоа може да има негативно влијание врз квалитетот на сонот. Кога поминуваме многу време в кревет во текот на денот, тоа може да доведе до проблеми со спиењето навечер, што дополнително го зголемува стресот.

Доколку се одлучите за овој метод на одмор, постојат начини да го направите тоа на поздрав начин:

1. Станете и истегнете се: правете паузи на неколку часа за да се истегнете и да ја забрзате циркулацијата.

2. Изберете добро место - размислете да поминете време на каучот или на удобен стол наместо в кревет.

3. Поврзете се со пријателите: наместо постојано да гледате во екранот, поканете пријател на разговор или испланирајте заедничко „бедротинг“.

4. Поставете граници - ограничете го лежењето на еден или два дена, притоа внесувајќи некаква физичка активност.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот