Веќе знаете дека ниедно резиме не е идентично и не постои пример кој е совршен и одговара за секоја работа. Впрочем, професионалните биографии што се напишани според „правила“ најчесто поминуваат најлошо кај денешните компании бидејќи се „здодевни“.
За вашето резиме да биде доволно убедливо, тоа мора да му се обраќа директно на читателот. Неговата ефективност зависи од едно прашање кое мора да биде одговорено. Прашањето гласи: Зошто вашите професионални достигнувања се значајни и како тие ќе му помогнат на работодавецот?
Имајте предвид дека не е важно дали сте воделе огромен тим доколку тимот не ги постигнал целите; не е важно дали сте изградиле интернет-страница за добар клиент доколку не е ефикасна; не е важно дали сте пишувале водичи кои никој не сака да ги чита.
Не дозволувајте им на потенцијалните работодавци да имаат причина за сомнеж во вашите способности. Покажете што сте постигнале и колку добро сте го постигнале. Така, вашето
резиме ќе се издвојува од другите и вие ќе имате повеќе шанси за вработување.