Неодамна „Нетфликс“ потврди дека во 2025 година ќе се прикажува новата сезона од серијата „Игра со лигни“ (англ. Squid Game) во неколку свои промотивни материјали за претстојната содржина, но се чини дека случајно го откри и точниот датум на премиерата.
Имено, „Нетфликс Кореја“ накратко објави видео кое содржеше не само година на објавување, туку и конкретниот датум: 27 јуни 2025 година. Тоа значи дека гледачите ги делат само шест месеци од новата сезона, што е исклучително брзо за премиера на нова сезона на толку голема серија, особено ако се земе предвид дека поминаа три години помеѓу првата и втората сезона.
Но, креаторот на серијата, Хванг Донг-Хјук, веќе зборуваше за тоа и порача дека повеќе личи на втор дел од втората сезона отколку на класична трета сезона.
- Нема некоја посебна причина освен тоа што првично ја замислив како една серија, па втората и третата сезона беа дел од една приказна што ја пишував. Но, како што се развиваше приказната, сфатив дека има премногу епизоди - од враќањето во играта до револтот, што всушност е кулминација на приказната - вели тој.
Продукцијата на двете сезони се одвиваше истовремено, па дел од оваа тригодишна пауза беше резултат на создавањето голема наративна целина од 14 епизоди, која беше поделена во две сезони.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube