X
 27.12.2021 Живот

Документарните филмови како алатка во наставата во средното образование

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ – Скопје го реализира пилот-проектот „Користење документарен филм како алатка во наставата во средното образование“ како дел од фондот „Градење мостови“ на мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Професорите во соработка со тимот од „МакеДокс“ работеа на создавање модел лекции за два документарни филма, кои можат да се користат како алатки во наставата. Во оваа фаза на реализација учествуваа 11 професори од средни училишта кои предаваат на македонски и на албански наставен јазик. 

Професорите што присуствуваа на настанот добија прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите, на македонски, албански и на турски јазик.

фото: „МакеДокс“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот