28.01.2019
Живот
Дете се јавило на 911 за да му помогнат со домашната задача
Дете се јавило во американската Служба за итни повици и побарало помош за пишување на домашната задача, а диспечерката покажала доволно професионалност и трпение да му помогне, со што стана вистински интернет-хит.
Антонија Бунди, вработена во Полицискиот оддел на Лафајет во сојузната држава Индијана, не можела да го одбие момчето кое повикало 911 оти „имало навистина лош ден” и „тони домашни задачи“, па му помогнала со задачата по математика. Идентитетот на детето не е соопштен.
- Добиваме многу необични повици, но овие некако посебно се издвојуваат - изјави началникот од одделот, Мет Гард.
Извор: МИА