X
 15.04.2017 Живот

Зоран Миливоевиќ: Кога детето е „премногу добро“ воспитано

Целта на секој родител е неговото дете да израсне во функционална возрасна личност. Воспитанието е процес на градење на самостојна личност, одговорна за себе и за другите, која доволно добро функционира во општетсвото.

Процесот на социјализирање се основа на тоа детето да ја меморила родителската фигура која во различни ситуации му упатува одредени пораки кои бараат од него да се однесува на прифатлив начин. На тој начин вистинските родители се претвораат во психичка структура на детето или супер его. Иако родителите и нивните пораки се темел на овој процес, тој ги вклучува и сите подоцнежни авторитети кои ја населуваат детската психа.

Строго гледано, деетто не ги усвојува оптетсвените норми туку семејните норми, вредности и погледи на светот. За социјализацијата да биде успешна мора да постои согласност меѓу семејните и нормите на поширокото општество.

Еден проблем е кога семејните норми се далеку под стандардите на поширокото општетво. Во тој случај детето ќе има проблем во функционирањето надвор од семејството од градинка, прку училиштето се додека да стане возрасен. Ќе биде означено како „несоциализирано“ и со „потеметено однесување“

Кога семејните норми се значително над нормите на пошироката заедница, тогаш настанува спротивен проблем. И овие деца иако прилагодени од семејствата од кои потекнуваат, нема да бидат прилагодени на поширокото општество.

Тоа е случај со децата кои се „премногу добро“ воспитани, кои се придржуваат кон оние норми кон кои другите членови на заедницата не се придржуваат. Во својата генерација овие деца ќе бидат означени како неснаодливи и смотани, затоа што нивните доблести ќе бидат препознати како мани. Нивната претерана социјализираност ќе ги спречи да бидат оптимално прилагодени и успешни.

Додека проблемот со несоцијализираните деца е добро обработен во воспитните теории, проблемот со пресоцијализираните деца не е доволно препознат.

Што им преостанува на оние кои се „премногу добро“  воспитани? Еден начин е да се променат, во извесна мера „да полудат“, за да се прилагодат на поширокото општество. Друг начин е да се затворат во група или подкултура со оние кои се случни на нив и меѓу кои ќе се чувствуваат нормално.

Во таква група тие добро ќе функционираат, но и понатаму ќе имаат проблем на неприлагоденост во пошироката заедноца. Трет начин е да заминат од општеството во кое не функционираат успешно, и да одат во друго општетсво, осносно држава во која општествените норми одговараат на нивните лични норми. Овој трет начин е можеби најдобар за нив, но не и за заедницата од која потекнуваат.

Автор: Зоран Миливојевиќ
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот