X
 28.01.2019 Култура

Во пресрет на доделувањето на „Оскарите“: Филм за убиство на двегодишно дете предизвика хаос

Краткометражниот филм „Detainment“ е базиран на вистинска приказна за убиството на двегодишниот Џејмс Балгер и е номиниран за „Оскар“. Мајката на убиеното момче ја осудила оваа одлука на Академијата за филм и науки и побарала номинацијата да биде повлечена. Нејзиното барање било одбиено на сосема неприфатлив начин со лудо објаснување.

- После сѐ што кажав за овој таканаречен филм и барав да биде отстранет, тој и понатаму е номиниран за „Оскар“, дури и ако повеќе од 90.000 луѓе ја потпишаа петицијата што Академијата ја игнорираше, како моите чувства - напиша Денси Фергус на „Твитер“.

Од Американската академија за филм и наука соопштија дека загриженоста на Дениз Фергус ја сфаќаат многу сериозно, но задржуваат неутрална улога во процесот на гласањето. Нивните членови, како што велат, имаат сопствен суд за заслугите на овој филм.

Малиот Џејмс за еден месец требало да наполни три години кога во 1993 година, во трговски центар, бил киднапиран од две деветгодишни деца - Џон Винејбл и Роберт Томпсон. „Detainment“, кој го режирал Винсент Ламбе, ги реконструира разговорите на полицијата со убијците, користејќи ги транскриптите од оригиналните снимки пуштени за време на нивното судење.

Мајката на Џејмс вели дека некои сцени од филмот ја прогонуваат и затоа барала повлекување на номинацијата. Академијата на тоа изреагирала навистина нечовечно.

- Нашето искрено сочувство до госпоѓа Фергус и нејзиното семејство. Длабоко сме трогнати и тажни поради загубата и нивната загриженост ја сфаќаме многу сериозно. Следејќи ги долгогодишните темели и принципи воспоставени за да се задржи интегритетот на овие награди, Академијата не влијае на кој било начин врз процесот на гласање. „Detainment“ го изгласаа членовите на Академијата. Во текот на правењето на изборот, секој поединец применува своја процена базирана на креативност, уметничко достигнување и технички детали на филмот. Сфаќаме дека ова нема да ја ублажи болката што семејството ја чувства, но се надеваме дека ќе ја покажеме неутралната улога на Академијата во процесот на гласање - стои во изјавата.

1
Фото: Profimedia


И режисерот Ламбе одби да го повлече филмот, велејќи: - Мислам дека тоа би ја поништило целта на правењето на филмот, додавајќи дека не сакал да покаже непочитување кога не ја консултирал мајката на покојното момче, пред почетокот на снимањето.

- Филмот е направен за да сфатиме зошто се случило тоа, како и за да се спречи нешто слично во иднина - додаде тој.

Винејбл и Томпсон биле осудени по судењето кое траело 17 дена, но по некое време биле пуштени и им биле дадени нови идентитети.

Актерката Тина Малоун, која е пријателка на мајката на убиеното момче, неодамна на социјалните мрежи постави фотографија на која наводно е еден од убијците. Поради тоа, добила повик на суд. Имено, кога ќе му се промени идентитетот на некој поранешен осуденик во Америка, секој што може да го открие може да добие казна две години затвор.

Винејбл и Томпсон живеат анонимно откако биле ослободени од доживотната затворска казна поради киднапирање, мачење и убиство на двегодишниот Џејмс.

Винејбл во 2001 година бил пуштен условно, но оттогаш уште двапати завршил во затвор и тоа во 2010 и 2018 година поради поседување детска порнографија.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура