Промената на пејзажот често може да направи чуда за да ги прошири нашите хоризонти, но дали некогаш сте размислувале што може да направи патувањето во вселената за нашиот ум? По години ригорозен тренинг, некој би претпоставил дека астронаутите се прилично десензибилни на идејата да ја набљудуваат планетата Земја од неколку стотици милји оддалеченост. Но, ништо навистина не може да ги подготви за искуството да го видат универзумот со свои очи првпат.
Искуството е толку бизарно и тешко за разбирање, што многу астронаути известуваат дека се враќаат на Земјата со сосема нов поглед на животот. Астронаутот Мајк Масимино, кој ја посетил вселената во 2002 година, опишал како погледот на нашата планета од вселената предизвикал да се чувствува како да видел нешто што луѓето не треба да го видат.
- Се чувствував како да не е нешто што требаше да го видиме, како да е некаква тајна. Чувството беше толку големо, што ја свртив главата од прозорецот за момент, за да се соберам пред да погледнам назад. Потоа станав малку емотивен и почнав да ги задржувам солзите поради убавината на нашата планета - се потсетил тој.
Масимино, исто така, истакнал дека набљудувањето на Земјата од вселената му дало нова перспектива за проблемот со климатските промени, бидејќи може да се видат големите промени што се случуваат.
-Ако има езерски корита што се сушат, ако дождовните шуми почнат да исчезнуваат, знаци на загадување - сето тоа можете да го видите од вселената - рекол тој.
Поранешниот астронаут додал дека сè уште имаме време да направиме позитивни промени за нашата животна средина, но мора да ѝ дадеме шанса на нашата планета да закрепне. Масимино е еден од многуте астронаути што доживеале феномен познат како „Ефект на преглед“. Во интервју за „Биг тинк“, астронаутот Рон Гаран опишал како гледањето на нашата планета го натерало да сфати колку сме сите поврзани.
-Од вселената е очигледно дека живееме во заблуда. Треба да преминеме од размислување за економијата, општеството, планетата кон размислување за планетата, општеството, економијата. Постои светилка што се пали кога ќе сфатиме колку сме сите поврзани и меѓусебно зависни - заклучил Гаран.
Извор: klik.hr
Фото: YouTube screenshot