Научниците создале неверојатна визуализација на Гренланд без ледената покривка. По поминати децении собирајќи податоци што ги покажуваат позицијата и обликот на територијата, како и водената површина што го опколува, тие сега покажуваат како големиот остров би реагирал на светот кој е во фаза на затоплување.
фотоизвор: M.Jakobsson
Доколку мразот на Гренланд се стопи, нивоата на морињата би се зголемиле за 7,43 метри. Оваа бројка е за 7 центиметри повисока од претходните претпоставки и калкулации.
Гренланд во моментов губи по околу 260 милијарди тони мраз во океанот секоја година. Звучи како многу, и е, но никој не очекува да дојде до изненаден колапс, барем не во текот на наредните неколку века. Научниците креирале колоритна мапа на која се гледа тенкиот слој на мразот, а во рамките на проектот тие објавиле неколку нивни откритија во врска со островот, како за глечерот „Јакобшавн“, кој испраќа безбројни ледени брегови во северот на Атлантикот, па е одговорен за одвојување на 6,5% од ледената покривка.
Со проучувањето на ова место научниците сега се прилично уверени дека двете ледени струи се на врвот од системите во долината што се пресечени од реки кои течат низ Гренланд, уште долго пред да постои ледена покривка. Јасно е и дека водата што се топи од мразот ќе продолжи да се движи низ долините, под глечерите.
Мапата може да ја погледнете на овој
линк.