Во раните години на авијацијата аеродромот „Гандер“ во Њуфаундленд, Канада, служел како задолжителна станица за полнење гориво помеѓу Европа и Америка.
Ова го направил малиот град Гандер меѓународен центар, кој станал домаќин на познати личности како Мерилин Монро, Френк Синатра и кралицата на Англија.
Секој што летал тие денови, познат или непознат, го знаел Гандер и застанал во него. Светски лидери, луѓе од забавниот свет, спортисти, сите поминале низ Гандер.
Аеродромот му дал нешто космополитско на малиот град Гандер.
- Луѓето од многу делови од Европа слетуваат тука и воопшто не знаат каде се - вели д-р Питер Блеки, претседател на „Херитеџ трејлс“ во Гандер.
- Станува збор за необична заедница бидејќи на еден начин аеродромот го основал градот. Гандер е аеродромот и аеродромот е Гандер, и не можат да се одделат - вели Рег Врајт, извршен директор на меѓународниот аеродром во Гандер.
Кога во 1939 година завршила изградбата на овој аеродром, тој бил еден од најголемите во светот. Бил стратешка локација за повторнo точење гориво во текот на трансатлантските летови.
Во текот на Втората светска војна илјадници тешки авиони-бомбардери биле доставени токму преку Гандер.
Во минатото Гандер бил како Панамскиот Канал. Сите маршрути воделе низ Гандер, а токму тоа било причината да се изгради аеродром. Салонот во аеродромот е сличен како совршена временска капсула, особено затоа што беше отворен со благослов на кралицата во 1959 година.
При изградбата воопшто не се штедело на ентериерот. Идејата била луѓето што пристигнуваат во Гандер да ја видат Канада како прогресивен зенит на дизајнот. И денес тоа воопшто не се променило.
Аеродромот го посетиле сите филмски ѕвезди, од Френк Синатра до Боб Хоуп.
Гандер стана светски познат на 11 септември 2001 година бидејќи слетале 38 авиони и 6.600 луѓе останале заглавени на аеродромот во период од 4 дена. Локалното население им помогнало на патниците, отворајќи ги вратите од нивните домови за нив.
Извор:
BBC
Фото: Screenshot/BBC