За ѕвездите на златното доба на Холивуд, одржувањето на аура на совршенство било од клучно значење за животот на актерите, а нивниот дом бил она што ги издвојувало нив од просечните луѓе.
Новата книга „Модерен Холивуд: Куќите на ѕвездите од Алан Хес и Мајкл Стерн“, нуди увид во овој гламурозен животен стил. Сликите ја прикажуваат инспиративната футуристичка архитектура на јужна Калифорнија - од минимално до луксуз, со цел да се постават стандарди за идеално живеење на познатите личности од страна на
најиновативните архитекти на ерата.