X
 14.06.2015 Живот

Најдобрите универзитетски говори од познатите за 2015 година

Секоја година на американските универзитети со прославата на дипломите следуваат и говори на познати глумци, водители, пејачи, политичари или претприемачи. Во 2015 година на дипломците им се обратија низа на успешни луѓе од различни професии, а советите кои им ги дадоја ќе им послужат на сите кои започнуваат со нов живот.

 

1


Еден од најинтересните говори го одржа Оскаровецот Роберт де Ниро кој на дипломираните студенти од Универзитетот TISCH им порача дека досега, по завршувањето на факултетот се најзае*ани.

 

„Останете верни на реалноста, најискрени и најавтентични со себеси. Сакам да се запрашате за најважните прашања: што сакам да бидам, што ме инспирира и што можам да понудам за возврат. Сакам длабоко да вдишете и да верувате во себеси. Верувајте дека можете да го изодите патот и да оставите трага во светот“, рече Мишел Обама на Универзитетот Тускеџи.


 

„Кога ќе влезет во светот ќе сфатите дека луѓето за брзо време ќе ве дефинираат и осудуваат. Ќе ве стават во калап, но вие не им дозволувајте да ве дефинираат, дефинирајте се самите себеси“, им порача глумецот Ед Хелмс на дипломците од Универзитетот Вирџинија.


 

„Не сакаш да живееш на страна. Потребен му си на светот. Постојат проблеми кои мораш да ги решиш, неправди кои мораат да се исправат и болести кои мораат да се излечат. Без оглед на тоа што ќе правиш следно, светот треба да биде твоја енергија, страст и желба за напредок. Не се плаши од ризик. Историјата ретко и` ја должиме на една личност, но сети се и никогаш не заборавај дека тоа можеш да бидеш ти. Ти треба да бидеш ти“, изјави Тим Кук на Универзитетот Џорџ Вашингтон.


 

„Само автентичноста ќе ве одржува на нозе и ќе ви ја подигне главата. Не мечтајте по туѓи признанија или совршенство. Тоа е глупава цел. Оди кон тоа да бидеш единствен, а кога се сомневаш послушаја ја сопствената интуиција“, изјави водителката и новинарката Меридит Виеира на Бостонскиот Универзитет.


 

„Продолжете да истражувате и да учите. Користете го потенцијалот да бидете нејдобри. Станете генерација која ќе го промени светот“, изјави Бил Нај на Универзитетот Рутгерс.


 

„Сега е време да размислите за тоа што е пред вас. Што навистина сакате и што ве исполнува. Длабоко погледнете во вашата душа и дознајте кои се вашите предности, а кои се недостатоците“, изјави новинарката Кејти Курик на Универзитетот Висконсин-Медисон.


 

„Животот не е лесен и се обидувајте да го направите таков. Не е фер, никогаш не бил и никогаш нема да биде. Не паѓајте во замка дека сте жртва, бидејќи не сте. Помирете се со тоа и поминете преку тоа“, вели глумецот Метју Меконахи на Универзитетот во Хјустон.


 

„Не заборавајте на тоа што дипломата не може да ви ја даде. Срцето кое разликува што е вредно, а што не и главата која може да препознае знаење од осуда“, им порача на дипломците на Универзитетот Јеил, Џо Бајден, потпретседателот на Америка.


 

„Од денес повеќе не можете да се потпирате на оценките и професорите кои ви кажуваа дали сте добри или не. Наместо тоа, научете да се потпрете на сопствениот внатрешен компас. Тој ќе ве води“, порача поранешната државна секретарка на Америка, Меделин Албрјат, на Универзитетот Туфтс.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот