Група познати личности, меѓу кои Даниел Редклиф и Дејвид Бекам, ќе ја читаат „Хари Потер и каменот на мудроста“, првиот дел од серијата книги за волшебникот Хари Потер од Џ. К. Роулинг.
На „Твитер“ беше објавено дека познати лица ќе читаат делови од книгата во видеа кои потоа ќе бидат објавени на интернет.
Првото поглавје ќе го чита Редклиф, кој стана популарен играјќи го Хари Потер во филмовите основани на книгите од Роулинг. Секое поглавје ќе биде читано од различна позната личност, а може да очекуваме видеа од нивното читање во следните 17 недели.
Првото поглавје прочитано од Редклиф веќе е достапно
овде. „Визардинг ворлд диџитал“ и
агенцијата на Роулинг, „Блер партнершип“, ја реализираат иницијативата „Хари Потер дома“ за време на пандемијата на коронавирусот.
Автор: Луис Чилтон
Извор:
independent.co.uk
Фото: Twitter