06.12.2018
Живот
Илон Маск испрати мисирка во вселената
На Меѓународната вселенска станица денеска е испратена божиќна мисирка, заедно со сос од брусница, сладок компир и овошен колач.
Празничната пратка, од Кејп Канаверал на Флорида, во вселената ја лансира американската компанија на Илон Маск „Спејс екс“ (SpaceX) со ракета „Фалкон 9“.
Капсулата со пратката би требало да пристигне до лабораторијата во орбитата в сабота.
Покрај божиќната вечера, на Меѓународната вселенска станица се испратени и 40 глувци и 36.000 црви за проучување на мускулатурни структури и процеси на стареење.
Извор: МИА