X
 13.02.2017 Наука

Што би се случило ако астероид го погоди Њујорк?

1

На 6 февруари утрото, џиновски метеор паднал од вселената во езерото Мичиген. Звукот којшто го предизвикал можеле да го слушнат на 1.600 километри. Елементите од метеорот создале брилијантен, морничав зелен сјај кој ја загреал атмосферата.

Американската метеорска заедница примила илјадници повици од цела Америка - од Њујорк па се` до Кентаки. Иако не биле откриени фрагменти, се проценува дека овој метеор бил помеѓу 1 и 7 тони маса, а се движел со брзина од илјадници километри на час. Енергијата на овој астероид е еднаква на 500 тони ТНТ експлозив.

Според Филип Хек, научник во Музејот за природна историја во Чикаго, ваквиот настан не е редок на Земјата.



„Ваков сличен настан со слична големина не се имаше појавено во Чикаго и околината од 2003 година, кога метеоритот Парк Форест произведе слична огнена топка. Глобално, ваквите настани се почести, многу пати секоја година, но најмногу се случуваат преку океан, па затоа не се набљудувани“, изјави тој.

Во 2013 година, во Челјабинск, Русија падна астероид кој предизвика милиони долари штета, и повеќе од 1.500 повреди. Еден век претходно, настанот Тунгуска, срамни со земјата илјада квадранти километри шума, експлодирајќи со енергија помеѓу 5 и 10 мегатони ТНТ: слично на атомска бомба.

2

Постојат речиси милијарди нешта во нашиот Сончев Систем, способни да го предизвикаат тоа ниво на уништување на Земјата, а 300.000 од нив веќе се во нашето соседство.

Пред илјадници години, градовите биле минијатурен дел од површината на Земјата; шансите биле многу големи астероид да удри во ненаселени области. Меѓутоа денес, урбаните области покриваат повеќе од 3% од површината на Земајта, што значи дека секој 100-ти астероид кој ја удира нашата земја, може да удри град. А ако астероидот е околу 100 метри или поголем, последиците можат да бидат катастрофални.

3

Првото нешто што би се случило е огнена топка од првичниот удар, која би можела да биде речиси четири километри во дијаметар, доколку астероидот би бил 100 метри. Следно е катастрофалното влијание на зрачењето: термалното, не нуклеарното. Ова нема да ве отруе, но едноставно ќе ве испржи. Зградите ќе бидат уништени веднаш од експлозијата, а другите објекти подалеку од ударот ќе мораат да бидат уништени поради структурното оштетување. На дијаметар од околу 40 километри, секое човечко суштество ќе доживее изгореници на кожата поради испуштената топлина. Повеќе од 2.5 милиони луѓе би биле жртви на овој астероид доколку би удрил во средината на Менхетен.

3

Доколку астероидот би бил 500 метри голем, тогаш уништувањето се зголемува за стотици километри. Ударот од оваа големина на погрешна локација би предизвикал смрт кај повеќе од 10 милиони луѓе, доколку би удрил област како Чикаго. Жртвите би се зголемиле на повеќе од 30 милиони луѓе доколку би удрил во најнаселените региони во светот како што се Токио и Мексико Сити.

Првиот чекор во борбата против него? Иденфитикација на опасностите кои постојат.

6

Скоро целиот 20-ти век, единствените објекти близу Земјата, биле пронајдени додека сме набљудувале други. Но, благодарение на посветените истражувања кои го покриваат поголемиот дел од небото, како што е „LINEAR“, „Catalina“ и „Pan-STARRS“, сега пронаоѓаме повеќе од 1.000 вакви објекти секоја година. Со дознавањето што има во вселената, ние можеме да го следиме нивното движење и да предвидиме каде се тие. Начинот на кој можеме да ѝ се спротивставиме на заканата е да ја разбереме и да ја измериме, нешто што конечно се обидуваме да го направиме. Астероидот кој убива цели видови, како оној кој ги погодил диносаурусите, најверојатно, нема да се случи во наредните десетина милиони години, меѓутоа астероид кој би убил град веројатно може да се случи во следните илјада години.

Кога ќе дојде времето, може или да бидеме изненадени и да страдаме од последиците, или можеме да бидеме подготвени. Овие чекори започнуваат денес.

7
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука