Денеска до 10:00 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Како што потврдија од МВР за МИА, веднаш по добиените пријави, полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, а се преземаат и мерки за расчистување на случаите.
Извор: МИА