X
 17.09.2015 Образование

На училиште го уапсија, а Обама и Зукерберг му изразија поддршка

Деветтоодделенецот Ахмен Мухамед од Тексас, САД неделава беше уапсен на училиште поради својот домашно направен часовник. Овој тинејџер сонува да стане инженер и сакал да ѝ го покаже дигиталниот часовник кој го направил на својата наставничка.


14-годишникот не бил пофален за постигнатото, ами бил казнет откако училиштето ја повикало полицијата и ученикот бил уапсен.

- Направив часовник за да ја импресионирам наставничката, но кога ѝ го покажав, таа мислеше дека тоа е закана за неа. - изјави Ахмед.


Имено, наставничката помислила дека се работи за бомба, наместо за дигитален часовник, поради што училиштето повикало полиција, а полицијата го уапсила ученикот. Ахмед беше ослободен веднаш откако медиумите ја пренесоа приказната, и истата стигна до другата страна на светот.

Во меѓувреме, на Ахмед му се обратија и му изразија поддршка претседателот на САД, Барак Обама и извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование