X
 17.01.2023 Живот

Седумгодишник од Прилепско лажно пријавил бомба во училиште, од својот мобилен се јавил во полиција

Прилепската полиција и обвинителството расчистуваат случај во кој седумгодишен малолетник лажно пријавил дека била поставена експлозивна направа во училиштето во селото Житоше во Општина Долнени.

Како што информираат од СВР Битола, вчера, 16 јануари, во 18:16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во училиште во селото Житоше има поставено бомба. Полицијата го расчисти случајот и констатирано е дека станува збор за лажна пријава. Извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при прилепската полиција денеска е поднесен извештај до Основното јавно обвинителство – Прилеп поради лажно пријавување за кривично дело тероризам, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

Од Обвинителството велат дека кога е во прашање малолетник, и тоа седумгодишен, се известува Центарот за социјални работи од каде што треба да се разговара со родителите и да им се упати укор.
Ваквите ситуации ја загрижуваат јавноста, особено зашто се работи за седумгодишен малолетник. Уште повеќе бидејќи се случува во период кога имаше перманентно лажно пријавување на бомби во училишта.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот