X
 03.04.2020 Живот

Кумановци од вечерва во викенд-карантин

Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Лицата коишто имаат дозвола за движење, поради своите работни обврски, ќе може непречено да се движат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот