X
 21.02.2022 Наука

Откриена најголемата галаксија досега

Астрономи ја откриле најголемата галаксија досега, која се простира на 16 милиони светлосни години. Галаксијата е наречена Алкионеј и се наоѓа на околу 3 милијарди светлосни години од Земјата. Галаксијата била откриена од страна на меѓународен тим на истражувачи од Обединетото Кралство, Франција и Холандија.

Астрономите користеле податоци од повеќе радиотелескопи за да откријат два огромни облаци од плазма кои доаѓале од супермасивна црна дупка. Овие облаци биле долги 16 милиони светлосни години, односно подолги од 100 галаксии со големина на Млечниот Пат.

Плазмата се исфрла при влегување на материја во црна дупка и содржи материјали кои се потребни за раѓање на нови ѕвезди. Оваа плазма испушта радиосветлина, што овозможило да биде откриена галаксијата.

Астрономите сметаат дека галаксијата може да понуди нови сознанија за создавањето и структурата на нашиот универзум. Тие не се сигурни што предизвикало Алкионеј да порасне во толкава галаксија и ќе продолжат да ја набљудуваат за подобро да ја разберат.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука