X
 28.04.2022 Живот

Дали ги препознавате симптомите на гелотофобија кај себе?

Шегата на наша сметка е добра и ни помага да се претставиме и да се прифатиме. Има и такви луѓе што не знаат да прифатат шега на своја сметка. Исто така, има и такви што сакаат да се шегуваат со другите луѓе, но тие шеги понекогаш се брутални и навредливи.

Како резултат на тоа, некои луѓе може да развијат гелотофобија или страв од исмејување. Луѓето што патат од овој вид фобија, во еден момент почнуваат да веруваат дека секоја шега е исмевање на нивна сметка. Поради тоа, често избегнуваат да се шегуваат.

Гелотофобијата е анксиозно нарушување кое спаѓа во групата на социјални фобии. Луѓето што патат од оваа фобија имаат ненормален страв дека другите ќе им се смеат и поради тоа со текот на времето стануваат асоцијални.

Секако, исмејувачката критика е непријатна за секого, но само гелотофобите имаат исклучително силен пулс, висок крвен притисок, напади на паника, задушување и сува уста.

Бегство во осаменост


Покрај тоа, слични манифестации почнуваат со самата помисла дека некој може да им се смее или да ги исмејува. Исто така, луѓето се плашат од туѓите мислења и го разгледуваат секој нивни чекор, обидувајќи се да ја предвидат процената на другите.

Во акутниот тек, гелотофобијата може да ја промени свеста на лицето што страда од неа. Човекот обично има негативна перцепција за секоја шега насочена кон него или мисли дека секој што се смее всушност го исмејува, зборувајќи за неговата непривлечност, глупавост или некои недостатоци.

исмејување
Фото: Freepik

Речиси кај сите гелатофоби овој страв води до осаменост, принудувајќи ги да избегнуваат контакт со луѓе. Гелотофобијата ја воведува личноста во асоцијално однесување и не е невообичаено да покажува агресија. Поради тоа, овие луѓе можат да бидат многу сурови и едноставно да имаат желба да се исмеваат со некого, дури и пред другите да ги исмеваат.

Карактеристики на болеста

Постојат две групи гелотофоби. Претставниците на првата група ја кријат својата фобија од потсмев и затоа постојано ги исмеваат другите. Претставниците на другата група се трудат да не создадат услови во кои некој може да ги исмева. Се верува дека болеста се јавува кај оние што биле хронично исмејувани во младоста и со апсолутен недостиг на смисла за хумор.

Комплицирана терапија


Третманот на болеста е комплициран поради тешкотијата да се дијагностицира. Гелотофобијата треба да се лекува бидејќи таа постојано напредува и на крајот доведува до промена на свеста. Понекогаш се можни дури и тешки ментални нарушувања.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот