X
 24.05.2017 Здравје

Како да ја препознаете нарколепсијата и кои се нејзините симптоми?

Нарколепсијата е невролошко пореметување кое не е секогаш лесно за препознавање, така што некогаш потребни се повеќе од 10 години за вистинска дијагноза. 

Се проценува дека 50% од луѓето боледуваат од нарколепсија.

За да се дијангостицира нарколепсијата, мора да ги имате сите симптоми. Доколку имате само некои од симптомите, не значи дека имате нарколепсија. Во продолжение ви ги донесуваме главните.

1. Неконтролираната потреба за спиење, често во несоодветни ситуации

Ова се нарекува екцесивна дневна поспаност. Ако ја имате оваа состојба, тогаш постојано се чувствувате уморни. Тешко е да останете будни во текот на денот, што предизвикува мамурлак или паѓање во сон. Секој кој има нарколепсија, има екцесивна дневна поспаност, но може да не ја опишува на ист начин. Некои чувствуваат умор или раздразливост, потешкотии со концентрацијата, слаба меморија или менување на расположението.

2. Слабост на мускулите при силни емоции, збунетост, смеење, изненаденост или лутина


Ова се нарекува катаплексија. Може да предизвика болка во главата или лицето, слабост на вилиците или тресење на колената. Овие напади може да го погодат целото тело и поради тоа можете да паднете. Не секој кој има нарколепсија страда и од катаплексија, меѓутоа таа може да биде препознатлив симптом.

3. Лоши соништа во текот на ноќта

Нормално е понекогаш да се пробудите во текот на вечерта. Ако прекинувањето на сонот е поврзан со нарколепсијата, тоа значи дека воглавно заспивате брзо но често се будите во текот на вечерта. Пореметувањето на сонот често пати е главен симптом на нарколепсијата.

4. Чувството дека не можете да зборувате и да се движите кога паѓате во сон

Ова се нарекува парализа во спиењето. Можно е да не можете длабоко да дишете, а тоа е застрашувачко и доста вознемирувачко чувство.

5. Реалистични, често страшни соништа кога паѓате во сон или се будите

Ова се хинагогни халуцинации. Се опишуваат како кошмари или соништа кои наликуваат на реалност. Можете да слушнете гласови но и зборови кога спиете или имате непосакувани визии. Заеедно со овие халуцинации се јавува и парализата во сонот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје