X
 21.12.2021 Наука

Празничниот мамурлак има слични симптоми како омикрон

Д-р Адам Капута од Лондон објаснува дека постои потенцијал да се помеша новата варијанта омикрон со мамурлак поради нејзините посуптилни симптоми.

Тој предупреди дека Британците што се чувствуваат како „претепани“ наутро, по ноќно излегување, можат да претпостават дека трпат последици од алкохолот.

Слични симптоми

- Токму поради тоа, симптомите на омикрон може да се помешаат со мамурлак. Во овој период од годината луѓето уживаат повеќе од вообичаено, а потоа се будат со чувство на исцрпеност и претпоставуваат дека тоа е само поради алкохолот. Симптомите на омикрон се чини дека се поразновидни и потенцијално посуптилни од оние на делта-сојот - вели докторот додавајќи дека мутацијата може да „имитира“ мамурлак, особено во раните фази.

Оваа недела официјалните лица ги открија најчестите знаци на луѓе заразени со омикрон, вклучувајќи замор, главоболка, болки во мускулите и гребење на грлото.

Но, д-р Адам вели дека постојат некои сигурни начини да се провери дали тоа е предизвикано од алкохол или од вирус.

2
Фото: Freepik

Главни показатели

Главниот показател е колку долго траат симптомите, објаснува докторот.

- По околу 24 часа очекуваме мамурлакот да се смири и сите симптоми да исчезнат - така што ако ова продолжи, поверојатно е дека се работи за инфекција со омикрон - вели тој.

Исто така, важно е да се идентификуваат симптоми кои се различни од оние што би ги очекувале од мамурлак.

Д-р Адам вели дека луѓето треба да го слушаат своето тело за да проверат дали се чувствуваат поинаку. Ако забележите невообичаени знаци или комбинации на индикатори, важно е да се тестирате и изолирате, додава тој.

- Значи, ако сте навистина уморни од главоболката, а имате и температура и кашлица, на пример, тогаш изолирајте се и направете ПЦР-тест - објаснува тој.

Коментарите на д-р Адам доаѓаат откако експертите открија дека сојот предизвикува симптоми кои се слични на обична настинка.

Времето што е потребно за да се покажат симптомите на омикрон по изложувањето може да биде пократко отколку кај другите варијанти, рече тој.

- Омикрон може да ве направи поуморни отколку што инаку би биле, а исто така знаеме дека главоболките од мамурлакот можат да бидат прилично непријатни. Мамурлакот првично може да ги влоши симптомите, како двоен ефект на вирусот - вели докторот.

Тој советува луѓето да бидат внимателни и доколку се сомневаат, веднаш да се изолираат и да направат тест.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука