X
 12.06.2019 Живот

Мапа што ви кажува што точно има на другата страна од океанот

Со извинување на одредени општества што и понатаму се држат до идејата за рамна Земја, нашата планета е елипсовидна. Поради тоа, прилично е тешко да се направат географските карти. Географските нијанси на нашата планета не се прикажуваат лесно на хартија, така што картографите прават одредени прилагодувања.

Но, децата немаат време за овие работи. Тие едноставно застануваат на плажа, покажуваат со прст преку морето и прашуваат: „Што има на другата страна?“

Африка. Не. Шпанија. Или Франција?

Ерик Оденхајмер веројатно пораснал поставувајќи го ова прашање и веројатно добивајќи погрешни одговори. Затоа, тој создал мапа за сите деца кои го поставуваат ова прашање. Мапата е едноставна, ги игнорира островите и веднаш преминува на главното - еве каде ќе се најдете ако пливате во совршена линија на исток или запад, од бреговите на Северна и Јужна Америка.

1
Kликнете на фотографијата за да ја зголемите/ Фото: Eric Odenheimer
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот