X
 18.06.2018 Живот

Македонска компанија во која просечната плата е 115.937 денари нето, месечно

Просечната плата во државната фирма што го контролира македонското небо е 115.397 денари нето, месечно, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независната ревизија за 2016 година. Веројатно „М-НАВ“ е македонска фирма со најголема просечна исплатена плата по вработен.

Просечната исплатена нето-плата по вработен во државното акционерско друштво „М-НАВ“ е 115.397 денари, односно 1.867 евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија на „М-НАВ“ за 2016 година.

М-НАВ е единствената компанија што има овластување да врши дејност давање услуги во воздухопловната навигација на територијата на Република Македонија. Оваа компанија, народски кажано, ги контролира полетувањата и слетувањата на комерцијалните авиони и други воздухоплови на македонска територија и ги сервисира транзитите, односно прелетите на македонското небо. Оваа компанија е основана со одлука на Владата, на 4 јуни 2009 година, и досега работи 9 години, по издвојувањето од Дирекцијата за цивилна и воздушна пловидба.

Во 2016 година компанијата имала вкупни приходи од 800,2 милиони денари и тие во однос на 2015 година се пониски за 71 милиони денари. Од тие пари компанијата од прелети остварила приходи во износ од 680,1 милиони денари и тоа е за 84 милиони денари помалку за 84 милиони денари во однос на претходната година. Уште 108,3 милиони денари се од: слетување, контрола на летање и осветлување и кај оваа ставка има зголемување за 11 милиони денари. Од останати услуги компанијата во 2016 година остварила приходи од 11,8 милиони денари.

Кај расходите најголема ставка се платите и другите лични примања. За плати „М-НАВ“ на своите 272 вработени исплатила 622,94 милиони денари и тоа е 11,8 милиони денари повеќе од 2015 година. Платите се 80,2 отсто од сите расходи на друштвото во 2016 година.

Структурата на трошоците за плати е следна: за нето плати во 2016 година се исплатени 376,66 милиони денари и на нив се платени 209,8 милиони денари придонеси. Уште 27,2 милиони денари се пари за дневници и патни трошоци, а за останати лични примања се наменети уште 8,8 милиони денари.

Извор: Фактор
Целиот текст може да го прочитате на следниов линк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот