Патувањето со авион е одлична идеја кога треба да стигнете до тешко достапно место или сакате да поминете долго растојание во најкус можен рок.
Најкраткиот комерцијален воздушен лет е помеѓу Вестреј и Папа Вестреј на северниот шкотски архипелаг Оркни. Патувањето е долго 2,7 километри и во деновите кога времето е поволно и нема многу багаж, на конечната дестинација се стигнува за 47 секунди.
Најкраткиот комерцијален меѓународен лет пак е оној меѓу Киншаса и Бразавил.
Растојанието помеѓу меѓународните аеродроми „Маја Маја“ во Конго и „Н'Џили“ во Демократска Република Конго е само 26 километри.
Авиокомпанијата „Ерфранс“ има редовна услуга неколку пати неделно меѓу овие два града, а летот со „боинг 777“ или „ербас А330“ обично трае помеѓу 35 и 45 минути. Цената на билетот во еден правец е околу 200 евра.
Од Киншаса до Бразавил и обратно можете да одите со брод преку реката Конго. Во зависност од брзината на бродот, можете да стигнете од едната до другата страна на реката за 5 до 30 минути. Планот е да се изгради железнички мост преку реката што директно ќе ги поврзе двата главни града.
Извор:
Nezavisne.com
Фото: Pixabay