Во саботата беа објавени резултатите од ирскиот референдум на кој 66,4 отсто од гласачите гласале за легализација на абортусот. Против биле 33,6 отсто. Своето мислење на гласањето го искажале 64,1 отсто од гласачите, односно 2,1 милиона луѓе од 3,1 милиони Ирци со право на глас, што е највисок забележан одѕив на референдум во оваа држава.
Сега Ирска е на пат да либерализира еден од најрестриктивните закони за абортусот во светот. Граѓаните на Ирска се изјаснуваа за осмиот амандман на ирскиот Устав, воведен во 1983 година, со кој абортусот е целосно забранет, сѐ до 2013 година кога бил воведен исклучок за мајките на кои со бременоста им се загрозува животот.
Фото: AP
И додека Ирска одлучи да им даде право на глас на жените, каква е ситуацијата во Шведска?
Активистите за избор во целиот свет, вклучително и во Шведска, ги дадоа своите гласови за поддршка на кампањата „Укинување на осмиот“, додека многу Ирци што живеат или патуваат во странство се вратија да го кажат своето мислење за референдумот.
Шведската асоцијација за сексуално образование беше гласен поддржувач на кампањата. Асоцијацијата водеше кампања за правен, безбеден абортус во Шведска уште од основањето на организацијата во 30-тите.
Денес жените во Шведска имаат право на абортус поради која било причина во првите 18 недели од бременоста. Но, овој закон е воспоставен уште во 1975 година, иако абортусот бил дозволен во одредени специфични околности од крајот на 30-тите години.
Како што истакнуваат активистите во Ирска и СЗО, недостигот на легален абортус никогаш не значи дека нема абортуси - туку значи дека има нелегални и небезбедни процедури.
Се верува дека илјадници нелегални абортуси се случувале секој година во 20 век. Се проценува дека имало помеѓу 10.000 и 24.000 абортуси, иако бројката може да е повисока, смета историчарката Лена Ленерхед.
Нејзините истражувања покажуваат дека најмалку 70 жени починале од овие небезбедни процедури во 30-тите и 50 во 40-тите, додека во 90-тите години на 19 век повеќе од 1.200 жени загинале во обид за абортуси со фосфор. Посиромашните жени биле особено изложени на ризик бидејќи оние со повеќе пари обично можеле да платат за малку повисок квалитет на нега.
Лекар кој нелегално извршувал абортуси во 30-тите бил Ивар Олофсон, кој работел во „клиника“ (не бил обучен лекар, но научил да спроведува абортуси во Америка) надвор од Стокхолм и јавно се залагал за легализирање на абортусот.
Откако бил откриен, тој бил осуден на три и пол години затворска казна во најголемото шведско судење за абортусот, а повеќе од 150 негови пациентки добиле условна казна од еден месец.
Во 1938 година една реформа на жените во Шведска им дала право на абортус во само три околности: ако животот на жената е изложен на ризик, ако фетусот покажува генско нарушување или бременоста е резултат на силување.
Во раните години на овој закон само мал број жени аплицирале за абортус според овој закон. Законот бил изменет во 1946 година. Ова на жените им овозможило да имаат абортус мотивиран од „социјални причини“, на пример, ако жената била многу сиромашна за да може да се грижи за детето или нејзиното физичко или ментално здравје е под ризик, дури и ако нејзиниот живот не бил во опасност. Ова морало да биде направено преку специјална апликација што вклучувала прашања за нејзината причина за барањето, како и гинеколошки и психијатриски прегледи, процес што можел да потрае подолго време.
Во 1955 година Полска го направила абортусот легален за жените, „во тешки животни услови“, состојба што била толкувана исклучително либерално во тоа време, иако законот оттогаш е строго ограничен. Но во доцните 50-ти, за многу шведски жени ова била најдобра шанса за пристап до абортусот, па така тие често оделе во Полска.
Во 1963 година шведскиот парламент повторно го изменил законот за абортус и дозволил постапка во случаите кога фетусот претрпел сериозни повреди иако ова не ги вклучувало жените што се соочувале со кризни бремености секоја година.
Кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите, дебатата се префрлила, при што помладата генерација го водела движењето за абортус на барање или слободен абортус. Со други зборови, движењето барало да се отстрани барањето за примена или давање конкретна причина за абортус. Ова кулминирало со Закон за абортус на Шведска, усвоен во 1974 година, а постои и денес.
Како функционира абортусот денес во Шведска? До крајот на 18-тата недела од бременоста секоја жена може да побара и да добие абортус без да даде причина. Ќе ѝ биде понудена опција да оди на советување, но тоа не е задолжително и сите информации споделени со лекарот се доверливи (дури и ако пациентот е малолетен).
Сите абортуси чинат исто колку и нормален преглед кај доктор. Помеѓу 18. и 22. недела до бременоста абортусот е дозволен само ако Националниот одбор за здравје и благосостојба даде посебна дозвола со причина. На пример, ако здравјето на жената е изложено на ризик. По 22. недела не е дозволен абортус во ниеден случај, врз основа на фактот дека од тој момент натаму фетусот може да преживее надвор од матката.
Дебатата за абортус во Шведска е многу поразлична од другите земји, како Ирска, Италија, Полска и Америка, со помалку религиозно влијание.
Денес постои една партија во шведскиот парламент што сака да ја намали границата за абортус, националистичките шведски демократи повикуваат ограничувањето од 18 недели да се намали на 12 недели.
Во мејнстримот, пак, дебатата за абортус во Шведска повеќе има тенденција да се фокусира на тоа како и кога треба да се спроведе постапката отколку за тоа дали воопшто треба да се дозволи. Друго прашање е дали треба да им се дозволи на бабиците да одбијат да ја спроведат постапката ако тоа е против нивните лични верски убедувања. Една бабица го тужела округот Јенкипинг затоа што ѝ ја повлекол понудата за вработување поради нејзиното одбивање да изврши абортуси.
Друг аспект на дебатата е колку се задоволни жените од грижата што ја добиваат, а неколку истражувања покажуваат дека многу жени сметаат дека емотивната поддршка не е доволна.
Како и да е,
шведските закони за абортус се меѓу најлибералните во светот.