X
 28.05.2020 Наука

Висината на Монт Еверест можеби наскоро ќе се промени

Група од осум истражувачи од Кина конечно се искачиле на Монт Еверест во средата. Тие се качиле до врвот за да ја измерат висината на највисокиот врв во светот со најголема прецизност досега.

Сезоната за качување до врвот пропадна годинава поради пандемијата, но како што Кина започна да го контролира ширењето на болеста, владата одлучила да им дозволи на две групи да се искачат до врвот. Една од групите ја сочинуваат истражувачите кои ќе ја мерат висината на врвот а другата е комерцијална експедиција.


Фото: Pixabay

Истражувачите претходно планирале да се искачат на врвот на 12 мај, но временските услови го одложиле патувањето. Официјалната висина на Монт Еверест е 8.848 метри откако индиски тим го измерил врвот во 1955. Но, Непал и Кина не се согласуваат за висината на планината која се наоѓа на границата помеѓу двете земји. Поточно, тие не се согласуваат дали официјалната цифра треба да го вклучува и снегот на врвот.


Во 2005, еден кинески тим измерил висина од 8.844 метри, тврдејќи дека станува збор за најточното мерење дотогаш. Непал не се согласувале бидејќи сметале дека снегот на врвот треба да се пресметува во висината. Но, многумина сметаат и дека снегот и мразот на врвот на планината се намалиле по еден силен земјотрес од 2015.

Најновата експедиција е резултат на договор постигнат минатата есен кога кинескиот претседател Си Џинпин го посетил Непал. Новото мерење е направено со помош на систем за сателитска навигација, а истражувачите собрале податоци за длабочината на снегот, временските услови и брзината на ветрот, кои ќе бидат искористени за следење на рушењето на глечерите и другите еколошки влијание на климатските промени.


Фото: Pixabay

Тимот истражувачи поминале речиси три часа на самитот. Сега, тие ќе ги анализираат податоците до три месеци пред да ги објават за јавноста.

Непал испрати тим истражувачи до врвот до 2017 и 2018. Научници од свете земји ќе имаат состанок и заеднички ќе ги анализираат сите податоци за да ја одредат официјалната висина на Монт Еверест.

Без разлика на новата официјална висина, Монт Еверест ќе остане највисокиот планински врв во светот.

Автори: Рајан Ван Бибер и Вуфеи Ју
Извор: outsideonline.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука