X
 04.05.2018 Живот

Монт Еверест не е највисоката планина во светот

Уште откако Едмунд Хилари се искачи на врвот во 1953 година, илјадници авантуристи се обиделе да го освојат смртоносниот врв Монт Еверест. Всушност, толку многу луѓе се обидуваат да го направат тоа секоја година, што хималајската убавина полека се загадува.

Еверест е популарен поради импресивното именување како највисоката планина во светот, но, според науката, таа не е највисока планина во светот.

Да. Највисоката планина во светот всушност е Чимборазо - неактивен вулкан во состав на Андите во Еквадор - бидејќи е најдалечната точка од центарот на Земјата, а со тоа е и највисок кога станува збор за далечина.

Според Ели Розенберг од „Њујорк тајмс“, врвот на Чимборазо се издигнува на 6.248 метри над морското ниво, што е помалку од оние 8.529 метри на Еверест, но сето тоа се менува кога се мери од центарот на Земјата.

Всушност, затоа што Земјата не е рамна, таа набабрува кон екваторот и се израмнува кон половите. Тоа значи дека планините во близина на екваторот технички се повисоки од оние во другите области и така Чимборазо е речиси точно на екваторот, додека Еверест е 28 степени на север.

Па колку е повисока оваа планина? Според еден извештај, Еверест се протега на 6.382 километри од центарот на Земјата, додека Чимборазо на 6.384 километри. Иако разликата е само 2 километра, тоа значи сѐ кога станува збор за доделување на круната на највисоката.

Всушност, тие два километра се доволни за да ја стават Чимборазо на првото место и да го истуркаат Еверест од првите 20.


Чимборазо
Фото: Science Alert

Ова и не е толку нова вест, па се поставува прашањето зошто Еверест сѐ уште ја добива сета љубов додека Чимборазо поминува речиси незабележано. Сѐ се сведува на тоа колку е тешко да се искачи. Ако планинарите, го сакате најтешкиот предизвик, а Еверест го нуди тоа.

Потребни се десет дена само за да стасате до базниот камп на Еверест, а шест недели за да се привикнете на климата и тогаш уште девет мачни дена искачување до врвот. Од друга страна, за да ја искачите Чимборазо, потребни се два дена по привикнувањето на климата, кое трае околу две недели.

Исто така, важно е да се напомене дека Еверест е на првото место кога станува збор за мерење според морското ниво. Ако ја користите таа мерка, Чимборазо не би се рангирал ни како највисок врв на Андите.

Па, ако веќе сте направиле планови да се искачите на Еверест, немојте да се плашите бидејќи сѐ уште ќе се смета дека сте ја искачиле највисоката планина во светот, секако, ако се водиме според морското ниво. Потоа можете да ја искачите и Чимборазо бидејќи тоа искачување ќе ви изгледа како прошетка во парк.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот