X
 27.05.2021 Образование

Одржан ораторскиот натпревар на УКЛО - Искра Талевска избрана за најдобар оратор

На Педагошкиот факултет во Битола се одржа студентскиот ораторски натпревар УКЛО ТРИВИУМ 2021, првпат во организација на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола (УСС УКЛО).

За најдобар оратор беше избрана студентката Искра Талевска од Педагошкиот факултет – Битола. Второ место освои Димитар Врглески, студент на Правен факултет во Битола, а третото место му припадна на Ѓорѓи Вељаноски, студент на Економски факултет во Прилеп.

1

Темата оваа година беше „Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството“. На УКЛО ТРИВИУМ годинава учествуваа 12 студенти од сите единици на Универзитетот. На овој популарен ораторскиот натпревар, кој се одржа на 8.5.2021 година, му претходеа две обуки. Имено, Универзитетското студентско собрание во насока на поуспешна презентација и унапредување на вештините на јавно говорење и воопшто култура на говор организира соодветна работилница за подготовка на ораторите, како и работилница за активизам и активно граѓанство.

3

Членови на жири-комисијата беа: д-р Билјана Граматковски, вонреден професор на Педагошкиот факултет-Битола, во својство на претседател, Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура- Битола и актерка во Народен театар-Битола, и м-р Наташа Чавдаровска, дипломиран новинар, маркетинг-менаџер и основач на граѓанската организација ФОРУМ 16.
 
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  оценува дека УКЛО ТРИВИУМ е одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување.

(Кoмерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование