Дејвид Бејли научил неколку странски јазици како возрасен. Напишал текст за своите искуства и со сите споделил на кој начин многу лесно успеал да го научи францускиот јазик.
Поточно, јазикот го совладал за 17 дена. Претходно научил и шпански. Во текот на летото 2005 година престојувал во Франција, во едно село кај пријателка, а таму никој не знаел англиски јазик. Неговата пријателка знаела дека целта на Дејвид е да научи француски, па таа постојано му зборувала на француски. Секој ден откако се будел, пишувал правилни и неправилни глаголи, во времетраење од 2 часа. За само две недели испишал многу листови хартија, а верува дека со пишување подобро се памети.
Додека пишувал, слушал предавање од професори на студенти кои зборуваат на англиски јазик. Доста помага да се слушаат и грешките на студентите од кои може многу да се научи, вели Дејвид. За две недели слушал и основни и напредни курсеви. Секој ден трчал 45-60 минути и слушал француска музика. Одел на ручек со пријателката и нејзините пријатели, па тие не сакале да зборуваат побавно поради него, така што имал опција или да го научи јазикот или да не јаде.
Во попладневните часови читал книги на француски. Почнал со детски книги, преку кои се поставува основата на јазикот. Најмалку еден час пишувал есеј за себеси. По 17 дена, од тоа село заминал во Париз, каде што сретнал девојка во кафуле и почнал со неа да разговара. По неколку минути таа го прашала колку долго живее во Франција. Кога одговорил дека е тука само 17 дена, се изненадила бидејќи сметала дека престојува во Франција барем една година.