Компанијата „Лајфстро“, која веќе подолго време произведува бокали и други производи што филтрираат вода, го произведе својот најмал производ од тој вид досега, сламката „сип есеншал“.
Сламката е изработена од БПА-пластика и силикон, тежи само 20 грама, а димензиите ѝ се 27,4 x 1,3 см. За прочистување на водата, сламката содржи интегриран систем за филтрирање кој наводно отстранува 99,999999 % од бактериите, 99,999 % од паразитите и 99,999 % од микропластиката додека пиете.
„Сип есеншал“ е дизајнирана за филтрирање до 1.000 литри вода, што според компанијата е доволно за цела година филтрирање на вашата вода за пиење секој ден, додека заштитните капачиња на двата краја овозможуваат таа да не се извалка или контаминира пред употреба.
Не се потребни батерии, ниту електрични приклучоци
- Не се потребни батерии, ниту електрични приклучоци. Едноставно пијте преку сламката и оставете филтерот да си ја заврши својата работа - наведува „Лајфстро“ во своето соопштение.
Исто така, од компанијата велат дека сламката го подобрува вкусот на водата, а освен филтрирање на бактерии, паразити и микропластика, филтрира и други штетни материи, вклучувајќи жива, хемикалии, ПФАС (PFAS), хлор и органски хемиски материи.
Сламката се продава во веб-продавницата на
компанијата по цена од 19,95 американски долари.
Фото: принтскрин/инстаграм