X
 28.06.2017 Култура

Вистината за принцезата Дијана и митот создаден од неа

Нејзината приказна сакаме постојано да ја слушаме, бидејќи претставува постмодерна парабола за променливоста на богатството, славата, убавината и идолопоклонството - сè што ѝ припаѓа на вистинската моќ на митот.

Сепак, во текот на раскажувањето, една непобитна вистина ќе биде игнорирана: самата Дијана активно ја создала сопствената митологија.

Уште од театралната претстава на Џеки Кенеди после атентатот на нејзиниот сопруг - од нејзиниот Шанел на кој се гледа крвта, до погребот на нејзиниот сопруг, и интервјуто кое го дала за списанието „Life“ - ниту една друга постмодернистичка јавна личност толку внимателно не ја изработила сопствената приказна.

Како и Џеки, и Дијана тврдеше дека ги мрази новинарите додека стручно манипулираше за сопствени цели. И двете станаа светски познати личности низ нивните бракови, а кога овие бракови завршиле, и двете ги искористиле медиумите за да го задржат својот статус и да го зголемат, правејќи се жртва.

„Мојот живот е мачење“, изјави Дијана во 1992 година. Со ова, таа се најде на насловните страни на сите таблоиди во Велика Британија. Како што заврши нејзиниот брак, така Дијана го планираше животот после Чарлс. „По ѓаволите, после сè што направив за ова семејство... Ќе излезам и ќе го освојам светот... ќе правам што сакам и ќе го оставам позади себе“.

Дијана често се жалеше на нејзиниот недостаток на интелект, иако таа бeше интуитивен гениј и голем познавач на брендирањето и маркетингот. Таа беше највисокиот член на институцијата чии лидери, меѓу другото, ги обесчестувале сопругите, ги егзекутирале роднините, ги убивале вработените, го поддржувале Хитлер, а таа сепак успеа да го трансформира неверството на нејзиниот сопруг како најголем скандал со кој се соочил некогаш монархијата.

„Дијана доведена до пет обиди за самоубиство поради негржиливиот Чарлс“, пишува „Sunday Times“ на 7 јули 1992 година. „Колапсот на бракот доведе до болест; принцезата вели дека нема да биде кралица“.

Со оглед на тоа колку се строги законите за клевета во Обединетото Кралство, како и институционалната моќ што монархијата ја врши врз британскиот печат, овие наслови беа вистинска бомба само поради едно нешто: тие доаѓаа од внатрешноста. За првпат уште од појавата на печатените медиуми, член на највисокото кралско семејство изврши еден вид на предавство.

Поголемиот дел од 1991 година Дијана го помина тајно работејќи на книга заедно со британскиот новинар Ендру Мортон. Во книгата, таа открива сè. И тука нејзината посебна генијалност одлично е прикажана: Дијана ја најави културата на исповедување.

Таа сфати дека со откривање на нејзините валкани мали тајни - булимијата и самоповредувањето, обидите за самоубиството и бракот без секс - јавноста ќе ја сака повеќе, а не помалку. Принцезата Дијана беше првата „вистинска домаќинка“, па како што прават сите најдобри домаќинки, таа знаеше дека опстанокот зависи од скриптирањето и продавањето на сопствената приказна.

На 16 јули 1992 година беше објавена „Diana: Her True Story“. Дијана никогаш не се сретнала со Мортон лице-в-лица, што ѝ дала совршен изговор за негирање на книгата.

„Дијана в лице ме излажа. Кога ја прашав дали има некаква врска со книгата на Ендру Мортон, таа ме погледна право в очи и негираше“, вели авторот и тв ѕвездата Клајв Џејмс.

Но, ова беше огромна лага: во неговиот предговор, Мортон ги репродуцира напишаните зборови од самата Дијана.

Дијана уште пред венчавката знаела за тоа дека Чарлс бил вљубен во Камилар Паркер-Боулс. И самата беше аристократка, па знаеше дека кралските семејства, особено монарсите, имаат афери многу често, па таа се одлучи да продолжи со Чарлс.

Таа беше инсајдер отфрлена како аутсајдер, а и самите медиуми беа учесници во пропагирањето на оваа нејзина улога. Дијана се обележа себеси како единствениот член на кралското семејство кое се грижеше за обичните луѓе.

Таа на Мортон му ја напиша нејзината визија за кралско семејство, како и за нејзиниот сон за забава во градината во Бакингемската палата за сите хендикепирани и сите во инвалидски колички. „Луѓе кои не ја виделе Бакингемската палата. Но, не се дозволени многу инвалидски колички бидејќи ја уништуваат тревата“, вели Дијана.

Дијана одби да преземе било каква вина за колапсот на нејзиниот брак. Таа одби да признае дека нејзината хистерија - нејзиното постојано самоповредување, обидите за убиство и бесрамните бесмислици - беа доволни за некој да го оддалечат од неа. Таа на Мортон му кажа и за првата сеанса со нејзиниот психијатар кога тој ѝ рекол: „Нема ништо погрешно кај тебе туку кај твојот сопруг.

Уште поважно, Дијана ги сокри клучните информации од Мортон: дека и таа сама го изневерила Чарлс, со повеќе од еден човек и тоа доста често.

Првото неверство било со нејзиниот телохранител, 37 годишниот Бери Манаки, во 1986 година; потоа продавачот на автомобили Џејмс Гилби околу 1989 година. Подоцна бил Оливер Хоаре, оженет уметнички дилер кој ја прекинал аферата, за подоцна Дијана да го следи и да му се јавува дома по 300 пати. Потоа бил рагби играчот Вил Карлинг, и најпознатиот Џејмс Хјуит кој јавно потврди дека бил во врска со Дијана од 1986 до 1991 година.

Сепак, овие информации некако беа исклучени од медиумите, а јавноста и понатаму навиваше за Дијана.

Старата палата не знаеше како да се справи со нејзиното движење. После разводот, Дијана постојано беше фотографирана како по тренерки оди на вежбање, како ги зема децата од училиште, како ги носи во Дизни - само уште една модерна самохрана мајка во движење.

На принцот Чарлс му беа потребни две години за да ја раскаже неговата верзија на приказната, во интервју со Џонатан Димблби.

Ова беше невиден потег за идниот крал на Англија, а Чарлс, кој изгледаше и звучеше прилично непријатно, призна дека ја изневерил Дијана, но само откако сфатил дека бракот се распаднал и покрај тоа што и двајцата се обиделе. Но, Чарлс не можеше да победи. Британската јавност не чувствуваше никакво сожалување; чувствуваше дека Чарлс се изневери и себеси и монархијата.

Истата вечер кога се емитуваше интервјуто на Чарлс, Дијана зададе уште еден удар со нејзиниот фустан за одмазда. На забава во галеријата Серпентини, таа носеше тесен, црн коктел фустан без прерамки, со прекрасно деколте.

„Сакаше да изгледа како милион долари. И така и изгледаше“, вели Ана Харви, стилистот на Дијана.

Со тоа, Дијана направи Чарлс да изгледа слаб, и поважно, го исфрли од насловните страници. Нејзината порака беше: Можеби повеќе ја сакаш постарата Камила, но кога ќе ме погледни, остатокот од светот никогаш нема да сфати зошто.

Дијана го стори истото во 1995 година, на интервју со Мартин Башир. Облечена во црн костум, со прекрасно нашминкани очи, Дијана се обиде да го отфрли сопственото неверство напаѓајќи ги Чарлс и Камила.

„Имаше тројца во овој брак“, рече таа со насолзени очи. „Затоа, имаше премногу гужва“.

Повеќе од 25 милиони луѓе го следеа интервјуто кое беше најавено на 47-от роденден на Чарлс, и беше емитувано на 48 годишнината од свадбата на кралицата Елизабета.

Во интервјуто, Дијана тврдеше дека е жртва на оркестрирани обиди да ја прикажат како ментално болна, како и на злобни заговори да ја натераат да си замине тивко. Во истото интервју Дијана потврди дека нејзиниот сопруг не одговара за британскиот престол. За себе, Дијана рече дека нема друга аспирација, освен да биде кралица на срцата на луѓето.

Откако парот се разведе по инсистирање на кралицата во 1996 година, Дијана повторно се откри себеси, овој пат како глобален хуманитарец. Сега нејзиниот фокус беше на болните деца и нагазните мини и споредбата со Мајка Тереза наместо со филмските ѕвезди - но сепак, таа напорно се бореше за да ја задржи титулата.

Во летото 1997 година, Дијана дозволи папараците да ја фотографираат на одмор со египетскиот плејбој Доди ал Фајед, иако кратко време пред тоа, таа беше во двегодишна врска со Хаснат Кан, пакистански кардиохирург кој го нарекуваше љубовта на нејзиниот живот.

Неделите и месеците после смртта на Дијана, кога папараците ја бркаа низ тунелот во Париз, медиумите беа оние кои добијан најмногу обвинувања.

Дури и денес - дури и оние кои знаеја дека Дијана призна дека ги употребила медиумите за да ја покријат нејзината романса со Ал-Фајед, со надеж дека ќе го направи Кан љубоморен - преовладувачката наратива ја прикажува Дијана како чиста жртва, прогонета од бездушните медиуми, консумирани од нашиот сопствен интерес. Зошто не можевме да ја оставиме на мир?

Ова е всушност најголемата бајка од сите останати и најинтересна за слушање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура