X
 28.06.2018 Забава

Тестирајте се дали би ве примиле на „Оксфорд“? Решете ја оваа загатка

Дали би успеале да влезете на „Оксфорд“? На приемниот испит за познатиот универзитет редовно има по неколку интересни загатки. Ова е една од нив, а се најде на приемен испит по математика пред неколку години.

Проблемот има пет дела, а ако сакате да се мерите со оксфордците, мора да ги решите сите пет, вели Алекс Белос, автор на книгата „Можам ли да ги решам моите проблеми“. А сега, внимавајте на капите.



Алис, Боб и Чарли секогаш ја кажуваат вистината. Седат еден зад друг, токму како што е прикажано на сликата. Во секое од петте наведени сценарија татко им на главата им става црвени или сини капи. Алис може да ја види капата на Боб и на Чарли, но не може да ја види својата. Исто така, Боб може да ја види само капата на Чарли, а Чарли не може да види ниедна капа. Сите тројца се свесни за тоа. Прашањата се следни:

1. Таткото им става капи на своите три деца и вели: „Вашите капи се црвени или сини. Најмалку еден од вас има црвена капа“. Потоа Алис вели: „Јас ја знам бојата на мојата капа“.

Каква боја се нивните капи?

2. Таткото повторно им ги става капите на децата и им вели: „Вашите капи се црвени или сина. Најмалку еден од вас има црвена капа“. Потоа Алис вели: „Јас не ја знам бојата на мојата капа“. Боб вели: „Ни јас не ја знам бојата на мојата капа“.

Каква боја е капата на Чарли?

3. Таткото повторно им ги става капите на главите на децата и вели: „Вашите капи се црвени или сини. Најмалку еден од вас има црвена, а најмалку еден има сина капа“. Алис вели: „Јас ја знам бојата на мојата капа“. Боб вели: „Мојата е црвена“.

Каква боја се капите на трите деца?

4. Таткото им става нови капи на главите на децата. Тој им вели: „Вашите капи се црвени или сини. Најмалку еден од вас има црвена капа, а најмалку еден има сина“. Алис вели: „Јас не ја знам бојата на мојата капа“. Боб вели: „Мојата е црвена“.

Каква боја е капата на Чарли?

5. Таткото им става нови капи на децата и им вели: „Вашите капи се црвени или сини“. Двајцата што седите еден до друг имате црвени капи“. Алис вели: „Јас не ја знам бојата на мојата капа“.

Каква боја е капата на Чарли?

Решенијата на загатката можете да ги видите тука.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава