Мерките за спречување на ширењето на ковид-19, како носење маски и одржување растојание, веројатно довеле до исчезнување на некои видови грип, сметаат научниците.
Од март минатата година не биле детектирани два вида грип кои претходно биле чести. Станува збор за инфлуенца Б од видот Јамагата и сој 3ц3 од вирусот Х3Н2 што го предизвикува грипот А.
Фото: Pixabay
Освен тоа, бројот на случаи на грип се намалил значително за време на пандемијата, а истражувачите сметаат дека ова е резултат на мерките за спречување на ширењето на ковид-19. Сепак, истражувачите предупредуваат дека иако двата вида грип не биле детектирани, тоа не значи дека целосно исчезнале.
Но дури и доколку не исчезнале, нивното намалување треба да им помогне на научниците што работат на создавање вакцини против грипот секоја година бидејќи тие треба да претпоставуваат кои видови ќе се шират најмногу месеци однапред. Процесот станува полесен со елиминирање на два вида грип.
Извор:
futurism.com