X
 20.08.2015 Живот

Приказната позади најсподелуваната фотографија од еден сириски татко

Сликата од сирискиот татко кој плаче додека ги носи своите деца на грчката плажа Кос, го заобиколи светот откако ја споделија илјадници корисници на социјалните мрежи.

 

sirija


Фотографијата од Лаит Маџид, направена од Даниел Елтер околу 4.30 часот наутро на плажата Кос во Грција, предизвика силна реакција кај луѓето поради силната емоција којашто ја покажува таткото.

34 годишниот фотограф Етер, кој ја направил фотографијата, признава дека „никогаш не бил толку допрен“ од една слика, и вели дека успеал да дознае за семејството од средна класа, кое потекнува од сирискиот град Деир ез-Зор.

Семејството кое издржа години бомбардирање од сириската влада, бунтовничките сили и неодамна Исис, се надеваше дека ќе успее да стигне до Германија.

Фотографот Етер кој моментално ги фотографира мигрантите низ границите на Европската Унија, вели дека мајката работела како професорка по англиски јазик. Семејството пристигнало на брегот заедно со уште осум други лица.

     

 

„После повеќе од два часа возење, гумениот чамец попуштил и почанл да испушта воздух, водата почнала да навлегува во чамецот, а бегалците биле наводенети кога пристигнале на брегот. Кога стигнаа, на нивните лица се гледаше олеснување затоа што беа на безбедно“, изјави фотографот.


„Во тој момент сите заедно го почувствуваа истото; радоста поради тоа што успеале, љубовта кон нивните семејства; и тагата поради тоа што се случило“, додава фотографот.

Иако тој вели дека е навикнат на вакви работи, и бил сведок на многу емоционални сцени, сепак никогаш не бил трогнат колку што го трогнала оваа фотографија. Гледајќи ја фотографијата, постојано му доаѓале солзи.

Бројот на мигранти кои се обидуваат да стигнат до безбедната територија на Европа, рекордно се зголемува и овој месец достигна бројка од 107.500.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот