X
 28.06.2022 Економија

Каде во светот е најлесно да се збогатите?

Харалд Еја е норвешки социолог, аналитичар и комедијант кој со години ги анализира богатите луѓе и светската распределба на богатството. Едно од прашањата на кои се фокусира во анализите се однесува на местото во светот каде човек најлесно може да се збогати.

Во своето истражување, Еја стигнал до неколку заклучоци. Според неговиот професор по социологија, за да се збогатите најдобро е да се родите во земја каде има слободен пазар, каде даноците се мали и каде интервенцијата од страна на државата е минимална.

Од друга страна, одговорот на економистите е попрагматичен. Според еден извештај за богатството, богат е оној поединец чија нето вредност е поголема од 30 милиони долари. По овој критериум, најмногу богати луѓе има во САД, Јапонија, Германија, Велика Британија и Кина.


Фото: Pixabay

Ова го напишал Еја во 2018 година кога го завршил своето истражување на темата.

Меѓутоа, доколку се смета бројот на богати луѓе по глава на жител и ако се исклучат даночните раеви, најмногу богати луѓе има во Норвешка, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Данска. Кога станува збор за милијардерите, најмногу по глава на жител ги има во Исланд, Шведска, Норвешка, САД и Германија.

Зошто на врвот се наоѓаат скандинавски земји?

Според Еја, клучна улога игра бесплатното образование.

- Слободното високо образование за сите и поволните студентски кредити ги поттикнуваат луѓето да ги користат своите таленти и да заработуваат пари - според Еја.

Тој додал дека во скандинавските земји има многу повеќе успешни и богати луѓе кои самите го заработиле богатството отколку во САД.

Втора причина за збогатувањето на Скандинавците се синдикатите, благодарејќи на кои се гарантира висока минимална заработувачка. Тоа ги поттикнува бизнисите да инвестираат во технологија која ја зголемува продуктивноста и заработувачката на долг рок, според Еја.

Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија