Огромната вила наречена The one во Лос Анџелес претставува уникатен дом кој истовремено е и најскап и најголем семеен дом во САД. Меѓутоа, таа ќе се продава на почетокот од идната година, и тоа по цена од 250 милиони долари.
Куќата е на инвеститорот Најл Најами. Имотот се простира на речиси 10.000 квадратни метри. Од куќата има поглед на океанот и планините.
Домот е дизајниран од архитектот Пол Меклин и дизајнерката на ентериер Кетрин Ротонди, а го граделе околу 600 работници.
Вилата има 21 спална соба и 42 бањи, а околу неа има патека за трчање долга 121 метар. На имотот има и гаража со 30 автомобили, кугларница, центар за релаксација и убавина, пет базени и кино со 30 места за седење.
Извор:
Dnevnik
Фото: YouTube (Printscreen)