X
 12.08.2016 Наука

Границата помеѓу науката и мистериозното

наука

 

Понекогаш се чини дека работите се случуваат со причина. Некои луѓе овие настани ги нарекуваат среќни случајности, други велат дека е дело на Бога или повеќе богови, додека трети ги гледаат како манифестации на карма.


Јас би се одлучил за среќна случајност, наоѓање на натприродно маневрирње на хипотеза. Всушност, целата идеја на натприродното влијание нема голема смисла, барем не од научна перспектива. На крајот на краиштата, „влијание“ означува физичка појава или настан. А појавата е нешто што се случува во физичкиот свет преку некој вид на размена на енергијата. Секаков вид на размена на енергијата или силата е природен и бара природна причина. Со други зборови, штом натприродното станува физичко доволно за да биде забележано или откриено на некој начин, тоа повеќе не може да остане натпиродно. „Натприродно влијание“ е оксиморон. Во најдобар случај, може да значи дека нешто во моментот е надвор од нашето научно разбирање.

Со тоа кажано, постојат неколку настани во животот кои се спротивставуваат на логичното објаснување; или во некој случај, се спротивставуваат на било кое логичко објаснување до кое можам да дојдам. Иако мојот став може да звучи шокантно, особено со оглед на тоа што сум научник, за оние кои се обложуваат на нашата способност да објасниме се, јас би рекол дека некои работи едноставно не можат да се објаснат. Всушност, тврдам дека она што не може да се објасни е неизбежно.

Опкружени сме со мистерија, од она што не го знаеме, и подраматично, од она што не можеме да го знаеме. Ако нашето акумулирано знаење за светот биде собрано на еден остров, островот расте и ние знаеме повеќе. Како и секој остров, и овој е опколен со океан - океан на непознатото. Како што расте островот, така растат и нашите брегови на незнаење, како и границата помеѓу познатото и непознатото. Со други зборови, новото знаење генерира ново незнаење. Освен ако не престанеме да прашуваме прашања за природата, не постои крај на нашето пребарување.

Колку и да е моќен, нашиот мозок е ограничен како што се и алатките за научни истражувања и машините со кои собираме податоци за светот. Секој уред за мерење има голем број и сет на прецизности. Телескопите можат да видат само до некаде - тие можат да соберат светлина од извори до одредена далечина или во рамките на одредена граница на резолуција. Што и да лежи надвор од нивниот досег, не можеме да го видиме, дури и ако е реално. Истото важи и за микроскопите. Малите работи не можат често да се откријат, дури и ако се таму. Она што постои надвор од нашите граници останува неоткриено.

Не постои совршено точно, мерење кое ќе покаже се'. Ние постојано ќе гледаме кратковидно за некои работи.

Затоа, мора да заклучиме дека растечкото тело наречено наука не секогаш може да објасни се' што постои, од едноставна причина што ние никогаш нема да знаеме за сите работи кои треба да се објаснат. Како би знаеле за сите прашања кои треба да ги поставиме?

Некои може да сметаат дека мојата задача за откривање на границите на науката е дефетистичка, и дека го „хранам непријателот“. Но не е така. Да се разберат ограничувањата на науката не е исто со нарекување на науката слаба.

Научниците треба да бидат внимателни во врска со она што го велат и како го велат, бидејќи нивните изјави носат тежина во социјалната сфера.

Зошто да сакаме да знаеме се'? Замислете колку би било тажно ако еден ден стигнеме до крајот на знаењето. Без прашања кои сакаме да ги поставиме нашата креативност ќе биде задушена, а нашата страст ќе згасне.

Науката останува нашата најголема ефективна алатка за истражување на светот. Сепак, не треба да го игнорираме фактот дека човечкото откритие има свои ограничувања. Секој систем на знаење има маани. Потребно е да биде таков за да може да се развива. Неуспехот и грешките присилуваат промени. Покрај тоа, не сакаме причини за напад на секој агол на нашето постоење. Некои мистерии можат да бидат решени со причина, а други едноставно не можат.

 


Адаптирано од „Едноставната убавина на неочекуваното“ од Марсело Глеисер

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука