Замислете да престојувате во еко-хотел што плови на средината од океанот, поминувајќи ја ноќта под ѕвездите. Сега, ова е возможно со „Антенеа“, целосно опремен луксузен хотел што работи на соларна енергија и испушта чиста вода, додека обезбедува незаборавно искуство за гостите.
Еко-хотелот нуди поглед од 360 степени од околниот океан, а неговиот под е направен од стакло, така што посетителите можат да ги набљудуваат рибите што пливаат во океанот. Според компанијата, идејата првично потекнува од филмот за Џејмс Бонд, „Шпионот кој ме сакаше“ од 1977 година, при што архитектот сакал да создаде нешто неверојатно и футуристичко.
Првиот ваков
хотел беше откриен на пристаништето Требеурден, на брегот на Бретања во Франција. Од компанијата велат дека има голем интерес за хотелот, а планирани се првите испораки за меѓународна продажба во текот на пролетта 2021 година, што значи дека повеќе вакви хотели ќе се појават на различни локации низ целиот свет.
Бродот е речиси 50 метри квадратни и е дизајниран да го следи сонцето, со пет автоматски ротирачки соларни панели. Исто така, вклучува и голем кревет во спалната соба, када со морска вода и панорамска кујна.
Како што вели компанијата, посетителите досега биле воодушевени од сместувањето.
- Замислете да ги гледате рибите и морето во срцето на вашиот хотелски апартман - велат од компанијата.
Цените за изнајмување почнуваат од 290 евра за ноќевање за две лица.
Извор:
Lonely Planet
Фотографии:
Anthénea