Луѓето некогаш забораваат дека океаните содржат многу повеќе вода отколку што може да се види на површината. Длабочината под површината опфаќа неверојатни 95 отсто од површината на Земјата, каде што има живот и голем дел од таа површина сè уште не е истражен од
луѓето.
Фото: Science Alert
За да се види колку се длабоки океаните, направена е
илустрација на која може да се види дека во поголемиот дел од океанот не стигнува сончева светлина. Дури и научниците не знаат што се случува долу.
Всушност, стигнувањето до најдлабоките делови од океанот е толку скапо, што дури и некои луѓе како оскаровецот Џејмс Камерон си земаат обврска да ги истражуваат подводните предели кои се ретко посетени од луѓето.
Камерон го посети и Маријанскиот Ров, најдлабокото место на Земјата, кој оди 11 километри под површината на Тихиот Океан. Оскаровецот го направи тоа со подморница во 2012 година. Тој беше второто лице што го посетило тој дел од океанот. Тој не виде никакви морски чудовишта, но го опиша искуството како вонземско.