X
 20.02.2017 Здравје

Луѓето ги загадија дури и најдлабоките делови на океанот


Снимка: отпадоци во океан

Станува збор за едно од најдлабоките и најмрачните места на Земјата, кое на научниците им е помалку познато од површината на Месечината. На дното, на длабочина од 11 километри, температурата на водата е блиску до точката на замрзнување, а притисокот е толку силен така што би можел да го здроби човекот како инсект.

Дури неодамна научниците ја истражиле Маријанската бразда.

„Мислевме дека се работи за изолирано ‘кралство’ и во таа смисла безбедно, кога станува збор за човечкото влијание. За жал, тоа не е далеку од вистината“, напишал водечкиот автор на студијата за загадувањето на Маријанската бразда, Алан Џејмисон, од универзитетот во Њукасл.

Маријанската бразда е четвртина подлабока одошто е висок Монт Еверест. Опасните хемикалии, најверојатно, успеале да стигнат до таа длабочина преку пластичниот отпад и мртвите животни кои потонале на дното, пишува во списанието „Nature ecology & evolution“.

На дното на Маријанската бразда научниците спуштиле специјална подморница, опремена со мамки за ловење амфиподи, ситни суштества налик ракчиња. Амфиподите спаѓаат во ретките суштества кои кои можат да преживеат во толку негостопримлива средина, карактеризирана од екстремен притисок.

Научниците овие организми ги тестирале во присуство на хемикалии.

Резултатите покажале високо ниво на контаминираност со загадувачи, вклучувајќи полихлориран бифенил (PCBs) што бил забранет пред речиси 40 години, заради кенцерогеноста и штетното влијание врз хормоните. Нивото на контаминираност во PCB пронајдени кај амфиподите во Маријанската бразда е дури 50-пати повисоко од тоа што е забележано меѓу ракчињата во реката Лијао, една од најзагадените во Кина.

Се верува дека 1,3 милиони тони PCB, кој со децении останува во екосистемот, бил произведен меѓу 30-тите и 70-тите години на минатиот век.

Тој хлорид се користи во разладувачките течности на електричните апарати и во индиго хартијата.
На амфиподите научниците пронашле траги од уште еден долготраен загадувач – полибромиран дифенил етер.

„Еднаш кога ќе потонат овие хемикалии, тонат сè подлабоко, бидејќи не постои механизам кој би ги вратил повторно на површината“, објаснил Џејмисон.       
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје