X
 28.07.2021 Наша тема

Дали вакцинацијата против ковид-19 треба да биде задолжителна? Резултати од анкета

Нешто повеќе од половина, или поточно 54,9 проценти од 1.046 анкетирани читатели се за воведување задолжителна вакцинација против ковид-19. Ова се резултатите од анкетата што анонимно и онлајн ја споведе Факултети.мк под прашањето „Дали сте за задолжителна вакцинација против ковид-19?“


Поголемиот дел од испитаниците биле машки, и тоа 55,7 проценти, наспроти 44,5 женски. Инаку, најголем дел од испитаниците се од Скопје, а возраста на тие што одговориле најчесто се движи помеѓу 30 и 50 години, но има и доста помлади и постари што одговориле.





На испитаниците им беше дадена можност да образложат зошто кликнале „да“ или „не“, а еве дел од одговорите.

- Само на тој начин може да се сопре вирусот.

- Да се имунизира цела популација за да го победиме вирусот.

- Заради заштита од нов бран.

- Намалување на број на заразени, олеснување на мерки, колективен имунитет, нормално е да се вакцинираш.

- Тоа е единствениот начин да се справиме со коронавирусот, а и во случај на зараза да помине со благи симптоми.

- За полесно да се врати општеството во нормала, уште едно затворање и ќе треба да прогласиме стечај на државата.

- Здравјето е индивидуална работа и во никој случај не зависи од друг. Секој сам си одговара за своето здравје и никој нема право насилно да влијае врз друга индивидуа во врска со здравјето.

- Не е доволно испитана, мој живот, моја одлука, најголем експеримент врз човештвото.

- Секоj човек има право и избор на лек или лекување, сè друго е насилство.

- Бидејќи не се доволно долго тестирани, нема статистика за нуспојави и крајно не се ефикасни против новите мутации.

- Се коси со основните човекови права.

- Мое тело, мој избор.



Подготвил: Никола Петровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема