X
 08.06.2016 Образование

Необичен трик за поминување на испитите на една наставничка

Полагањето испити создава огромен притисок на учениците. Тоа го потврдува и неодамнешно британско истражување во кое биле вклучени ученици од основно училиште, а која покажала дека дури 90% од децата чувствуваат притисок добро да го решат приемниот тест за средно училиште, а повеќе од една четвртина се чувствуваат под стрес.


Наставничката Том која предава во основно училиште во Ридинг, еден викенд пред полагањето на овие тестови им дала неочекувана задача на своите ученици. Таа им напишала:

„Од испитот не' делат само неколку дена и важно е да се искористи останатото време на мудар начин. Ова е ваша задача за викенд. Ве молам завршете што повеќе активности и со пенкало означете се' што е завршено:

- Возете се со велосипед
- Прочитајте книга
- Гледајте омилена телевизиска програма
- Насмејте се
- Јадете гумени бонбони или сладолед
- Поминете време со луѓето кои ги сакате
- Смејте се додека не ве заболи стомакот
- Излезете надвор и уживајте во времето
- Одете на пливање или во прошетка
- Занимавајте се со хоби
- Одморете се
- Видете се со другарите
- Трчајте до истоштеност
- Гответе или направете нешто
- Изедете уште малку гумени бонбони или сладолед
- Играјте во градина
- Направете нешто што никогаш претходно не сте го направиле.

Ако мислите дека треба да го повторите материјалот, направете го тоа, но не подолго од еден час. ЗАПОМНЕТЕ Наставничката Том е задолжена за грижа, не вие. Сите сте неверојатни и многу се гордеам со вас. Лудо забавувајте се овој викенд!“

Необичната домашна задача дава до знаење дека опуштените и среќни деца постигнуваат најдобри резултати и дека од грижа и стрес нема никаква академска корист. Овој статус беше споделен над 70.000 пати на „Facebook“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование