X
 28.07.2022 Живот

Интервју со Даниела Мишевска-Топуков од CrazyLabs: Како иновирањето на корпоративната култура ги удвојува бизнис-резултатите?

Долго време сте во бизнис-секторот во Македонија. Дали сметате дека постои корпоративна култура кај нас и како CrazyLabs придонесува за неа?

- Секоја компанија треба да има и да ја негува својата корпоративната култура.Во Crazy Labs таа култура подразбира обединување на луѓето во тимот, што ги прави еден ентитет кој е клучен фактор за постигнување успех од светски рамки какви што има постигнато CrazyLabs. Креирањето пријателска атмосфера и забава на работа, добра комуникација, транспарентност, тимска работа, пасија и желба за напредок и константно надградување, брза реакција и адаптација на промени, чувство на припадност, фидбек до и од вработените кој е неопходен за напредок, благосостојба на нашите вработени, сето тоа придонесува за CrazyLabs да биде унифициран и препознатлив бренд.

Според Вашето искуство, на кој начин поставувањето на целокупниот тон на корпоративната култура влијае врз продуктивноста и оперативниот квалитет?


- Продуктивноста и оперативниот квалитет ги добиваме од нашите вработени. Вработените се најважен фактор затоа што без нив немаше и нема да постигнеме такви резултати какви што имаме. Ние сме компанија од светски рамки, а за голем дел од успехот се заслужни нашите вработени од Македонија, односно нашата канцеларија. Ние имаме 130 вработени кои секојдневно се стремат кон постигнување успех, како личен така и компаниски. Менталитетот во нашата компанија е таков што сите функционираме како еден тим и сме насочени кон остварување на компаниските цели, со што докажуваме дека луѓето се клучен фактор во целата CrazyLabs организација. Ние како менаџмент мора да бидеме сигурни да ја негуваме корпоративната култура, се грижиме за балансот меѓу работата и приватниот живот, што е занемарен фактор од многу компании во последно време - време на пандемија.

Мотивацијата е еден од клучните фактори за успех на компанијата. Како CrazyLabs ги мотивира своите вработени за пријатна и мотивирачка работна атмосфера?

- Како што споменав и претходно, ние сме компанија која негува пријателска атмосфера, клучот за сите наши успеси е во сплотеноста и заедништвото кај сите наши вработени. Отворивме нова најсовремена канцеларија во Скопје со најнови технологии и многу бенефити, вработените тука поминуваат најмногу време и важно е да се чувствуваат убаво и ништо да не им недостига. Едноставно сите ние сме едно семејство и треба да си помагаме меѓу себе. Сите вработени имаат приватно здравствено осигурување, заеднички појадок и ручек, подаривме и електрични тротинети и со овој потег сакаме да покажеме дека како компанија се грижиме за здрава животна околина и ги поттикнуваме вработените да стекнуваат здрави навики.



Дали сметате дека константните брзи промени во дигиталната ера влијаат врз темпото на иновации на корпоративната култура во CrazyLabs? На кој начин се справувате со овие енормни промени?


- Генерално ние сме цело време во дигитална ера, работиме во иновативна, креативна и брзорастечка индустрија, компанија која следи трендови и секогаш се адаптира на промени за да постигне подобри резултати. Нашите вработени имаат можност да соработуваат со светски познати гигантски фирми, од каде што можат да го надградуваат своето знаење и искуство и да добиваат нови идеи.

Која е разликата помеѓу една хајпер-кежуал или кежуал игра под капата на CrazyLabs? И какви тимови се вклучени во целокупниот процес?

- Хајпер-кежуал игрите се лесни и брзи за играње, најчесто се бесплатни, направени со едноставни механики кои се повторуваат, имаат кратки сесии и обично се играат со една рака - еден прст. Тоа се игри кои не заземаат многу меморија и не побаруваат посебни пермисии, туторијали и инструкции за користење, зависни и привлечни, се играат во кое било слободно време, кога ќе најдете 2-3 минути додека чекате автобус или додека чекате пријател за кафе. Времето на изработка на овие игри е дискутабилна тема бидејќи зависи од многу фактори, од идејата, големината и стручноста на тимот, обично се потребни неколку месеци.
За една хајпер-кежуал игра да излезе на iOS или „Гугл стор“ потребно е инволвирање на многу тимови за истражување на пазарот, фаза на детално планирање со гејм механик и дизајнирање нивоа, цртање графика, девелопмент и тестирање, монетизација, маркетинг за привлекување корисници, маркетинг за поставување на iOS и „Гугл стор, анализа на податоци... Но вредно е да се спомене дека животниот век на една игра не застанува со нејзиното поставување на онлајн продавниците, туку ние секогаш се стремиме да ги постигнеме најдобрите резултати со анализа на податоците кои ги добиваме и со постојано ажурирање на игрите за да го задржиме вниманието на корисниците.

Процесот за кежуал игрите е речиси ист, но тоа се игри за кои е потребно малку повеќе време за да стигнат до онлајн продавниците. Забавни, малку посложени игри, комбинација на прогресија со разработена богата приказна во заднина.
Специфично за нашата компанија е тоа што покрај техничките позиции, имаме и тимови во маркетинг, арт и дизајн и анализa на податоци, со што гордо може да се пофалиме дека нашата палета на работни позиции e доста голема.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот