X
 28.07.2023 Живот

Билетите за воз во Северна Франција ќе чинат 1 евро во август

Француската железничка компанија СНЦФ (SNCF) продава илјадници билети за патување во текот на летото по цена од  едно евро. Билетите се наменети за патување во северниот дел на Франција.

Станува збор за програма на регионот Горна Франција која ќе трае од 1 до 27 август. Попустот е финансиран од страна на советот на регионот.

Во рамките на слична програма во регионот Окситанија во Јужна Франција се нудат билети на попуст за лица помлади од 26 години. Оваа програма е во сила од 14 јули до 15 август.

До следното лето Владата на Франција планира да воведе една пропусница за сите меѓуградски возови и автобуси. Меѓуградските возови ги користат околу 12 милиони луѓе годишно.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот